Top Sport

Крај на плукањето во фудбалот – во Романија 12 меча суспензија за ваков прекршок

Фудбалерите во Романската лига ќе ги очекува казна од 12 меча суспензија доколку плукаат на меч според новиот протокол подготвен од Романската фудбалска федерација (ФРФ).

Романците планираат да ја продолжат сезоната во првата лига од 13 јуни доколку тоа го потврди владата откако во средината на март беа прекинати натпреварите поради корона вирусот.

Документот кој го објави федерацијата предвидува суспензија од 6 до 12 меча за плукање или дување на нос, а фудбалерите исто така нема да смеат да го менуваат дресот со противничките фудбалери и ќе мора да го однесат дома и сами да се погрижат тој да е чист.

Фудбалерите исто така треба да се на два метри еден од друг при загревањето, а стартните 11 нема да можат да бидат заедно со замените пред мечевите.

Дали, конечно, ќе се забрани плукањето во фудбалот?

Scroll to Top