Top Sport

Во Манчестер Јунајтед не постои силна карика

Поранешниот голман на Манчестер Јунјетед, Едвин ван дер Сар, истакнал дека проблемот на овој тим е што во него нема ниту една силна карика.

„Кога јас бе в таму, кога ќе влезев во соблекувалната таму беа Рајан Гигс, Пол Сколс, Рио Вердинанд, Гери Невил, дури и Рој Кин. Секогаш имаше силни карики, Тоа Јунајтед го нема во изминатите неколку години, тоа е значајна разлика“, рекол Холанѓанецот.

„Сменија неколку менаџери но ниту еден од нив не донесе прогрес. И во текот на преодниот рок донесоа неколку млади играчи кои се подготвени да се докажат. Ниту едно големо име не дојде на Олд Трафорд“.

Јунајтед по осум кола се 12 во Премиер лигата со девет бода, што е најлош старт на тимо во последните 30 години.

Scroll to Top