Top Sport

Брилијантна партија на Ѓоковиќ против Изнер

Првиот носител на Мастерсот во Шангај, Новак Ѓоковиќ, избори пласман во четврт-финалето.

Бранителот на трофејот за 74 минути го победи 17 играч на АТП листата, Џон Изнер, со 7/5, 6/3. Ѓоковиќ во 12 меѓусебен дуел ја забележа десеттата победа над Изнер.

Ѓоковиќ против Изнер потврди дека во финишот од сезоната се наоѓа во одлична форма. Доминираше со својот сервис и воедно одлично ритернираше против еден од најдобрите сервери во светот на тенисот.

Долго му требаше на Србинот да направи брејк во првиот сет, откако пропушти неколу добри шанси успеа да му го одземе сервисот на противникот кога тој сервираше за тај-брејк 7/5.

Ѓоковиќ практично мечот го реши во воведната фаза од вториот сет, направи брејк во вториот гем, потоа поведе со 3:о и 4:1, на 5:2 не реализира меч топка, но работата ја заврши во деветтиот гем.

Противник во четврт-финалето на Ѓоковиќ ќе му биде победникот од дуелот помеѓу Полјакот Хуберт Хурјкач и Гркот Стефанос Циципас.

Претходно пласман во четврт-финалето и меѓусебен дуел изборија Фабио Фоњини и Данил Медведев.

Фоњини во осмина-финалето го победи Карен Хачанов 6/3, 7/5, додека Медведев го совлада Васек Поспишил со 7/6, 7/5.

Scroll to Top