Манчестер јунајтед биле сигурни дека се договориле за трансферот на Саул Нигуез од Атлетико Мадрид, јавува „Дејли стар“.
Фудбалерот од средниот ред има долгогодишен договор со „јорганџиите“ до 2026 година, но и достижна клаузула за откуп на договорот од 150 милиони евра, така што шпанскиот клуб ќе мора да го подобри договорот за да успее да го заддржи.
Во Јунајтед сметале дека Пол Погба сигурно ќе замине во текот на летото, така што е потребно засилување на средниот ред, а интересно е што Шпанецот за агент го има Џонатан Барнет, добар познавач на приликите во Премиер лигата.
Диего Симеоне ќе се обидеда го заддржи 25-годишниот Нигуез на „Ванда метрополитано“ откако минатата година клубот ги загуби Диего Годин, Антоан Гризман, Филипе Луис, Родри и Габи Ернандез.