Вимблдон тенискиот шампионат, најпознатиот тениски турнир на светот, нема да го следи примерот на Ролан Гарос со преместување на традиционалниот термин и утре ќе биде откажан, јавуваат британските медиуми.

Дирк Хордорф, потпретседателот на Германската тениска федерација во изјава за „Скај спорт“ вели дека веќе е донесена одлука да се откаже гренд слемот на трева.

„Тоа е непходно во моменталната ситуација и сосема е нереално со сите ограничувања за патувања на светот да се организира турнир за стотина илјади фанови од целиот свет“, изјави Хордорф.

Вимблдон секоја година се оддржува од крајот на јуни до средината на јули, а оваа година требаше да стартува на 29 јуни и да заврши на 12 јули. Претходно, Францускиот опен на Ролан Гарос донесе неочекувана одлука да го „пресели“ пролетниот турнир за крајот на септември по крајот на традиционално последниот гренд слем САД опен во Њујорк. АТП и ВТА турнеите официјално се на „пауза“ до 7 јуни.