Во Манчестер сити веруваат дека ќе успеат да ги заддржат своите фудбалери дури и да остане нивната двегодишна суспензија од Лигата на шампионите, тврди „Дејли мирор“.
Во петте недели од казната која им ја даде УЕФА за прекршување на финансискиот ферплеј (ФФП), ниту еден од фудбалерите на Пеп Гвардиола не изјави јавно дека сака да замине и покрај тоа што имаше шпекулации околу Серхио Агуеро, Кевин де Брујне, Рахим Стерлинг, Ајмерик Лапорт и Ријад Марез.
Сити поднесоа жалба до Судот за арбитража во спортот (ЦАС), каде што се надеваат дека ќе успеат барем да ја намалат казната на една сезона. Тие требаа да ги предадат документите до ЦАС до крајот на мај, но поради корона вирусот, речиси сигурно е дека нивната жалба ќе се разгледува во текот на летото.
Покрај тоа, богатите газди на Сити се сигурни дека ќе успеат да го убедат менаџерот Пеп Гвардиола да го продолжи престојот на „Етихад“.