Десниот бек на Сао Паоло и на бразилската репрезентација Дани Алвес проговорил за периодот во кариерата кој го минал во Пари Сен Жермен. Рекол дека не му се допаднал престојот во Париз.
Најтрофејниот играч во историјата на фудбалот две сезони мина на „Паркот на принцовите“. Во тој период освоил две шампионски титули и по еден трофеј во Лига купот и Купот на Франција.
„Тоа беше еден интересен културен шок. Ако го посетиш Париз на една недела веројатно лудо ќе си поминеш, но доколку се задржиш подолго тогаш станува заморно. Ме потсети малку на Сао Паоло, но разликата е што таму има многу е…и расисти. Мене ништо не ми зборуваа бидејќи јас ќе им кажев да одат да се е..т, но биле такви кон моите пријатели“, рекол Алвес.
Инаку капитенот на Бразил ова лето по 15 години минати во Европа се врати во Бразил. Тој како слободен играч замина од Пари Сен Жермен во Сао Паоло.