Top Sport

Во ПСЖ го најдоа виновникот за поразот од Нант – судијата!

Ѕвездата на Пари Сен-Жермен, Марко Верати вели дека судијата е највиновен за 3:1 поразот на неговиот тим кај Нант во саботата, тврдејќи дека противниците требаа да останат со 10 играчи.

Лидерите во Лига 1 имаа катастрофален старт на мечот, примајќи три гола во првото полувреме, по што Нејмар имаше катастрофален обид да го врати тимот во игра со утнат пенал. Сепак, Верати вели дека судијата е виновен.

„Судијата дефинитивно требаше да му даде втор жолт картон на Денис Апија за стартот на Килијан Мбапе. Како е можно да помине без жолт? Не пос.аа судиите“, изјави лутиот Италијанец.

Апија прво доби црвен картон откако го сопна Мбапе во првото полувреме, но ВАР системот одлучи дека тоа е прекршок за жолт картон бидејќи фаулот бил ненамерен. Ова беше еден од 16-те фаули на бескомпромисната одбрана на Нант.

И спортскиот директор Леонардо беше бесен.

„Судијата не го контролираше мечот. Со сите фаули, ризикуваме фудбалери како Килијан да бидат во аут три месеци. Не сакам да плачам, заслуживме да загубиме, но желбата е да се има фер-судење на секој меч“, изјави Леонардо.

Нант за полувреме го растури ПСЖ

Scroll to Top