Top Sport

Брук го нокаутираше Амир Кан во шестата рунда од британската пресметка

Дваесет години откако првпат се сретнаа во рингот како аматери и повеќе од една деценија од отворено непријателство преку медиумите, Кел Брук конечно ја доби својата одмазда, нокаутирајќи го Амир Кан во шестата рунда од британската боксерска пресметка во Манчестер.

Кан започна одлично, покажувајќи дел од талентот кој го направи големата британска боксерска надеж, но Брук бргу ја презеде контролата на мечот, за на крајот да стигне до доминантна победа во својот прв меч од ноември 2020.

Брук сега има 40-3 скор со својот 28. нокаут, додека Кан, светскиот шампион од 2009 година, сега има 34-6 скор, со петти нокаут-пораз во кариерата.

Scroll to Top