Top Sport

Во Реал лути што Зидан го продал Хамес Родригез?

Првите луѓе на Реал Мадрид се лути на тренерот Зинедин Зидан што не успеал да го искористи потенцијалот на Хамес Родригез, откако по продажбата на Колумбиецот на Евертон, тој стана лидер на англискиот тим.

29-годишниот Родригез одамна беше сметан за „вишок“ на „Бернабеу“, откако по двете сезони како позајмен фудбалер во Баерн беше продаден на тимот на Карло Анчелоти, за кој има три гола во првите пет меча.

Според „АС“, хиерархијата на Мадрид веќе му ја пренела на Зидан „разочараноста“ што не успеал да го извлече максимумот од него. Родригез имаше само осум меча во Ла лига минатата сезона пред заминувањето.

Хамес не беше единствениот кого Зидан го „избрка“ ова лето – Герет Бејл, Серхио Регуилон и Дани Себајлос исто така завршија во Премиер лигата.

Scroll to Top