Top Sport

Од планините во Дагестан до УФЦ титулата – приказната за Хабиб во анимација

Пред мечот за обединување на титулата во лесна категорија на Хабиб Нурмагомедов против Џастин Гетџи на УФЦ 254, британската ТВ-мрежа „БТ спорт“ со фантастична кратка анимација ја раскажа приказната за успехот на Хабиб, но и за трагичната смрт на неговиот татко.

Непоразениот Хабиб има 28-0 скор, но мечот против Гетџи ќе му биде првиот по смртта на неговиот татко, тренер и ментор, Абдулманап Нурмагомедов по компликациите од КОВИД-19.

Во приказната на „БТ спорт“ се зборува за почетоците на Хабиб и Абдулманап, борењето со мечките во Дагестан, недобивањето на виза на Абдулманап за неговите мечеви, до смртта и желбата на таткото неговиот син да стигне до 30-0 скор.

Scroll to Top