Норвешкиот фудбалер, Мартин Одегард летово за 35 милиони евра од Реал Мадрид се пресели во редовите на лондонски Арсенал.
Од 22-годишниот фудбалер кој во 2015 година дојде кај „Кралевите“ од тимот на Стромгосет за 2,8 милиони евра се очекуваше многу, но не ги исполни очекувањата. За овој период беше на позајмица во Херенвен, Витесе, Реал Сосиедад и Арсенал пред Англичаните да го откупат неговиот договор. За првиот тим на Реал играше само на 11 меча.
„Ми беше многу тешко во првиот тим. Секој ден бев покрај најголемите светски играчи и благодарен сум што фудбалски пораснав во такво опкружување, но имаше и тешки моменти. Кога си на највисоко ниво, тешко е во Реал Мадрид да стекнеш пријатели, особено ако си толку млад и доаѓаш од сосема поинакво опкружување. Не е лесно да станеш дел од тој тим. Сам си, живееп сам, но тоа ме направи посилен, и како играч и како човек. Кога тренираш и работиш со Серхио Рамос и Кристијано Роналдо, многу ќе научиш и тоа засекогаш ќе го носиш во себе“ вели Одегард.
Норвежанецот досега одигра 26 меча за Арсенал, запиша 3 гола и има 3 асистенции.
„Голема е разликата меѓу Арсенал и Реал, но јас сум среќен во Арсенал. Атмосферата во соблекувалната е сјајна“ смета тоа.