Руските пратеници поднесоа закон со кој може да се казнуваат навредите кон фудбалерите или селекторот на руската фудбалска репрезентација со образложение дека моралната клима е важен предуслов за спортски победи.
Законот е предложен од група пратеници предводени од Виталиј Милонов од владеачката партија Обединета Русија. Милонов беше и предложувач на законот за забрана на промоција на не-традиционални сексуални односи на малолетници, или како што беше познат „закон против геј пропаганда“.
Идејата за законот е руските фудбалери да бидат поштедени од навреди, а тие кои ќе го направат тоа јавно ќе добијат казни до 10.000 рубљи (околу 170 евра) за „вербално мачење“ на фудбалерите.
„Нашите фудбалери воопшто не излегле на теренот и веќе беа влечкани низ калта. Нема да има потреба секој од нив да го пријави ова. Тие ја претставуваат нашата држава и тие кои ги навредуваат ја навредуваат цела нација. Ќе ги казниме со 10 илјади рубљи за да немаат доволно пари да купат пиво и чипс“, изјави Милонов за весникот „Космомолскаја правда“.