Речиси сите фудбалери во Серија А се вакцинирале против коронавирусот. Серија А, објави, дека 98 отсто од фудбалерите примиле две дози од вакцината.
„Да ја одиграме својата улога, да се вакцинираме за да се заштитиме и да ги заштитиме луѓето околу нас“, напишал на социјалните мрежи капитенот на Јувентус, Џорџо Кјелини.
Големиот процент на вакцинирани придонесе во Серија А речиси и да нема заразени со коронавирусот.
За разлика од Серија, ситуацијата е спротивна во Премиер лигата, каде вирусот направи вистински хаос, поради што секојдневно се одложуваат натпревари.
Според последните податоци од Премиер лигата, 81 отсто од фудбалерите примиле една доза, а 68 отсто од фудбалерите се вакцинирале со две дози.