Италијанскиот весник „Ил темпо“ ги објави деталите околу протоколот за заштита од корона вирусот во Серија А во кој во неверојатни детали се објаснуваат сите работи кои треба да се исполнат, вклучувајќи ја и забраната за расправање со судиите.
Во документот од 36 страници се наведуваат деталите – маскотите и ракувањата се забранети, исто како и фотографирањето пред стартот на мечот. На фудбалерите им е забрането да не протестираат кај судиите или да се доближат до 1.5 метар до судиите.
Фудбалерите ќе се хранат само од готвачот на сопствениот тим, а социјално дистанцирање на клупата ќе биде гарантирано со тоа што дел од фудбалерите на клупата ќе бидат преселени на трибините.