Top Sport

Во Севилја навредени од изјавата на претседателот на Ајнтрахт за „Мики Маус стадионот“

Претседателот на Севилја, Пепе Кастро бурно реагираше на обвинувањата на преседателот на Ајнтрахт Франкфурт, Петер Фишер, кој го нарече стадионот „Рамон Санчез Писхуан“ како „Мики Маус стадион“ по вчерашното финале од Лига Европа, во кое бундеслигашот го совлада Ренџерс на пенали за втора европска титуа во историјата на клубот.

Севилја беше домаќин на стотина илјади германски и шкотски фанови, но Фишер не беше задоволен од бројот на билети кои ги добија неговите фанови, велејќи дек „190 илјади фанови не можеа да влезат на тој ‘Мики Маус стадион’“.

Кастро не остана покус.

„Тие кои играат на овој ‘Мики Маус стадион’ имаат шест титули во натпреварувањето, за разлика о Ајнтрахт. Сигурен сум дека тоа го кажа без лоша намера“, изјави Кастро.

Scroll to Top