Top Sport

Во Србија почна првиот штрајк со глад на фудбалери

Српските медиуми објавија дека во нивната земја започнува првиот штрајк со глад на професионални фудбалери, откако поранешните фудбалери на Борац од Чачак денеска од 19.00 часот протестираат пред општината Чачак за неисплатените плати од клубот.

Штрајкот започнува откако измина рокот од 10 дена да им се исплатат долговите, а според српските медиуми се работи и за „шема“ за перење на пари, односно градските функционери десетината милиони динари наменети за Борац ги уплаќале на сметка на планинарско друштво од Бајина Башта, празнејќи го буџетот на општината.

Фудбалерите обвинуваат дека и луѓе во клубот учествувале во измамата со помош на функционерите на општината знаејќи дека нема да им се исплатат платите на фудбалерите, објавува синдикатот на фудбалери „Независност“.

Scroll to Top