Top Sport

Во Србија под истрага мечот Пролетер-Раднички Ниш (Видео)

По извештајот што го добиле од УЕФА, Етичката комисија при Фудбалскиот сојуз на Србија, отворила истрага по повод случувањата на натпреварот помеѓу Пролетер и Раднички Ниш.

Фудбалерите на Раднички, како гости успеале да победат со 2.1, иако по првиот дел предноста била кај противникот, а во второто полувреме гостите за две минути постигнале два гола. Голот за победа била авто-гол на Ламбулиќ.

Токму овој втор гол ќе биде предмет на истрагата, бидејќи бил многу сомнителен.

Интересно е што овој меч Раднички го доби без првиот тренер Лалатовиќ и без петмина стандардни првотимци.

Scroll to Top