Top Sport

Во топ 5 тимот на Реал на Тони Крос нема место за Роналдо

Тони Крос изненадувачки го изостави својот поранешен соиграч Кристијано Роналдо во неговиот личен петчлен најдобар состав на Реал Мадрид.

Роналдо пристигна во Реал Мадрид во 2009 и стана најдобар стрелец во историјата на клубот со 450 голови во 438 меча, пред во 2018 да замине за Јувентус. Крос, пак, дојде во Мадрид во 2014 година и помина четири сезони како колега на Роналдо, но сега нема место за него во составот кој го кажа во интервју за „Марка“.

„Мојот голман е Икер Касилјас, морам да го изберам него бидејќи не знам таков голман на Мадрид откако сум се родил. Беше задоволство да се игра со него. Во одбраната, секако, Роберто Карлос, дефанзивец кој е многу повеќе од дефанзивец. Тој даде многу голови и е фантастичен човек кој честопати патуваше со нас и добро го познавам. Потоа Ули Штилике, човек за кој имам огромна почит што одигра толку мечеви за Реал Мадрид. Следниот е секако, Зинедин Зидан, некој кој имав среќа да го имам како тренер, и кој ми беше идол како фудбалер. Во нападот, Раул, фудбалер кој секогаш уживав да го гледам и беше голем капитен“, вели Крос.

Покрај Роналдо, Крос во најдобриот состав не го вклучи и легендарниот Алфредо ди Стефано.

Scroll to Top