Top Sport

Во Војводина ќе се одигра меч на Србите од Хрватска и Хрватите од Србија!

Фудбалскиот сојуз на Србија потврди дека на 15 јуни во Таванкут покрај Суботица ќе се одигра фудбалски меч на репрезентацијата на српското малцинство во Хрватска и репрезентацијата на хрватското малцинство во Србија.

Мечот на двете „малцински“ репрезентации ќе биде поддржана од страна на двата фудбалски сојузи, а организатор на мечот ќе бидат српските и хрватските општини. Мечот ќе претставува шанса за состанок на политичките претставници на Србите од Хрватска и Хрватите од Србија за да се заддржи спортскиот и натпреварувачки дух.

Ова не е прв меч на овие две репрезентации. Пред три години, на 12 јуни 2016 во Вуковар се играше меч во кој Хрватите од Србија победија со 4:0. Тоа беше подготовка за настап на Европеада, фудбалското првенство на националните малцинства во Европа во Италија.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');