Top Sport

„Во животот никој не ме разочарал како Чави“

Шпанскиот играч за врска Рики Пуиг ја напушти Барселона и одлучи кариерата да ја продолжи во ЛА Галакси. Пуиг пред десетина дена официјално го напушти каталонскиот клуб и изненади многумина со одлуката да ја продолжи кариерата во американската МЛС.

Пуиг синоќа даде интервју за американските медиуми, кое го привлече вниманието на навивачите на Барселона. Во интервјуто тој го критикува клубот и тренерот Чави.

Пуиг неколку сезони беше во првиот тим на Барселона, но ниту од Роналд Куман, ниту од Чави не ја доби вистинската шанса, па што му стана јасно дека најдобро за него е да го напушти клубот.

Пуиг призна дека изминатиот месец во Барселона му бил исклучително тежок, и дека не очекувал клубот на таков начин да покаже дека е вишок во тимот.

„Последниот месец во Барселона беше многу тежок за мене. Бев изоставен од списокот пред турнејата во Америка и никогаш не сум го видел или доживеал тоа. Останав во Барселона со уште неколку играчи да тренирам додека останатите беа на турнеја. Тоа навистина ме повреди“, рече Пуиг и дополни.

„Немам што да кажам за Чави и клупските челници, воопшто не сакам да ги спомнувам. Никогаш не сум бил разочаран од никој во мојот живот како што се разочарав од Чави и Барселона. Тоа е сè што ќе кажам за нив”, изјави Пуиг.

Овој 23. годишен играч одигра вкупно 57 натпревари во првиот тим на Барселона, а успеа да постигне два гола и да забележи три асистенции.

Scroll to Top