Top Sport

Водачот на навивачите забрани да се слави голот на Икарди (Видео)

Мауро Икарди, синоќа, се врати во тимот на Интер, тој постигна гол од пенал против Џенова, меѓутоа победата (4:0) ќе сака што поскоро да ја заборави. Водачот на навивачите на Интер, забрани прослава на голот и веднаш ја стиша трибината откако Аргентинецот го реализира пеналот.

Навивачката група на Интер бара од клубот Икарди не само да биде продаден туку и да не биде во тимот до крајот на сезоната. Според нив со своето однесување тој го посрамотил клубот.

„Однесувањето на напаѓачот со број девет е срамно и тоа не може да се толерира. Икарди не покажа карактер каков што треба да има еден капитен. Го повикуваме Интер што поскоро да го исфрлат од првиот тим бидејќи тој во иднина не сака да биде дел од клубот. Не треба да игра до крајот на сезоната, тој не резили сите нас што го сакаме овој клуб. Нашиот став е дека Икарди не е дел од Интер и така се однесуваме“, порачале преку соопштение навивачите на Интер.

Scroll to Top