Top Sport

Нурмагомедов до Мекгрегор: Ти си силувач и хипокрит

УФЦ шампионот, Хабиб Нурмагомедов, го „нападна“ својот најголем ривал Конор Мекгрегор кој неодамна објави крај на кариерата, и кој деновиве објави неприкладен коментар за сопругата на рускиот борец.

„Силувач, ти си силувач“, напишал Нурмагомедов на „Твитер“, алудирајќи на обвинението за силување со кое Конор се соочува во Ирска.

„Ти си неодговорен хипокрит. Правдата ќе те стигне. Ќе видиш“.

Нурмагомедов на овој начин одговори на претходниот „Твит“ на Мекгрегор, кој коментирајќи ја фотографијата од свадбата на рускиот борец напишал: „Твојата жена е пешкир“.

Ирецот, недолго по објавувањето го избришал коментарот, а многумина го нарекле исламофоб.

Мекгрегор претерал, ја навредил сопругата на Нурмагомедов

Scroll to Top