Top Sport

Војна на цените: Јунајтед-Севилја за 89 фунти  

Манчестер јунајтед ја зголемија цената на билетите за навивачите на Севилја за 35 фунти за дуелот од осминафиналето на Лигата на шампионите, откако шпанскиот тим реши да ги „одере“ гостинските англиски навивачи.

Севилја за навивачите на Ман јунајтед нуди билети на „Рамон Санчез Писхуан“ од 89 до 133 фунти, нешто што Англичаните сметаа дека е префисока сума. Во електронска порака до носителите на билети за таа трка, Јунајтед објавија дека им враќаат 35 фунти, која е разликата од 89 фунти до 54 фунти, кои ги плаќаа навивачите на Ливерпул за мечот од групната фаза.

„Овојпат сметаме дека навивачите кои патуваат со нас се нефер приморани да платат повисока цена. Севилја на крајот не се согласи да ги намали цените, така што гостинските навивачи на шпанскиот тим ќе платат 35 фунти повеќе“, се вели во пораката на Манчестер јунајтед.

Сите дополнителни приходи од зголемувањето на цената ќе бидат донирани на добротворната организација на клубот.

Севилја пак, неофицијално, најави дека клубот ќе ја надополни разликата во трошоците за своите фанови, но и дека ќе ги пријави Јунајтед до УЕФА.

„Севилја ќе бара преку УЕФА, Јунајтед да се придружува кон правилата билетите за домашните и гостинските навивачи да имаат слична цена. Покрај тоа, Јунајтед е обврзан да даде 5 отсто од билетите за гостинските фанови, а нам ни се понудени 4.1 отсто“, вели извор близок на Севилја.

Scroll to Top