Top Sport

Хамилтон: Не сонувам за друг тим

Луис Хамилтон ги демантира наводите дека ќе го напушти тимот на Мерцедес. Договорот на светскиот првак со Мерцедес важи до завршувањето на сезоната.

Медиумите во своите шпекулации најчесто го поврзуваат Хамилтон со Скудерија Ферари.

„Не сонувам за друг тим. Веќе сум во тимот од моите сништа. Не се обидувам да заминам. Мерцедес е најдобар тим“, рекол Хамилтон.

Неодамна поранешниот шеф на Формула 1 Берни Еклстон рекол дека шесткратниот светски шампион ќе направи голема грешка доколку го напушти Мерцедес за да се пресели во Ферари.

Scroll to Top