Top Sport

Војвода за косовска сензација против Чешка! (видео)

Косовската фудбалска репрезентација продолжува со фантастичната низа на резултати, откако во Приштина со 2:1 успеаја да ја совладаат Чешка и да се искачат на првото место во групата А пред Англија (иако „Албионот“ има два меча помалку).

Чесите дојдоа први во водство на „Фадиљ Вокри“, преку Патрик Шик уште во 16-тата минута, но Косовците успеаја да се вратат само четири минути подоцна, кога напаѓачот на Фенербахче, Ведат Муриќи успеа да го совлада Томаш Вацлик.

Сепак, до трите поени Косово стигна во 67. минута, кога Мергим Војвода ја искористи статичноста на одбраната на Чесите за да постигне интересен гол. Косовците сега во четири меча имаат две победи (триумфираа и против Бугарија) и две ремија (со Бугарија и со Црна Гора) за да се на првото место на табелата пред Англија.

Уште пофасцинантно, Косово нема загубено 16 официјални меча во низа.

ГРУПА А

Косово – Чешка 2:1

Табела: 1.Косово 8, 2.Англија 6, 3.Чешка 6, 4.Црна Гора 2, 5.Бугарија 2

Чесите сакале во Приштина да летаат дрон со „Косово е Србија“

Scroll to Top