Милан во текот на неделата доби нов спортски директор (Игли Таре) и нов тренер (Масимилијано Алегри) и сега тие двајца ќе можат да му се посветат на преодниот рок.
Промените ќе започнат од бековските позиции. Кајл Вокер и Тео Ернандез, како што тврдат италијанските медиуми ќе го напуштат клубот.
Англичанецот дојде на позајмица од Манчестер сити во зимнскиот преоден рок, но нема да биде откупен. Ниту Сити не го сака назад, ниту планира да го однесе на Светското клупско првенство, па затоа ќе бара нов клуб.
Ситуацијата околу Тео Ернандез е многу поинтересна. Милан сакаше да го продаде во Кома во зима поради драстичниот пад на формата, но тој не сакаше да оди таму и остана.
Неговите дефанзивни црни дупки не одат со стилот на новиот тренер Алегри, па затоа речиси сигурно ќе го напушти „Сан Сиро“ ова лето. И за помалку пари отколку што вредеше зимата.
Ал Хилал го контактирал Тео, а сето тоа на барање на идниот тренер Симоне Инзаги, кој според медиумите, по финалето во ЛШ ќе објави дека се сели во Саудиска Арабија.
Французинот е идеален за системот 3-5-2 на Инзаги, во кој неговите дефанзивни недостатоци не се толку истакнати.
Единственото прашање е дали играчот сака да оди во Арабија. Милан би го пуштил за 30.000.000 евра, сума која не претставува проблем за Арапите, додека на играчот му се нуди договор вреден околу 18.000.000 евра по сезона. Сега сè зависи од Тео…
Потрагата по замена покажува и дека Милан се помирил со неговото заминување. Целта е Жуниор Фирпо, кој е без договор со Лидс и може да дојде како слободен фудбалер. Лион е исто така заинтересиран за истиот играч.