Top Sport

Вокер објасни зошто го гушнал Винисиус: Му кажав да не се обидува да го направи тоа пак

Дефанзивецот на Манчестер сити, Кајл Вокер објасни зошто го гушнал Винисиус Жуниор откако тој се обиде да му направи „виножито-трик“ при 1:1 ремито со Реал Мадрид.

Пред утрешниот втор меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, Вокер му порача на Бразилецот да не се обидува да направи нешто такво повторно, бидејќи не сака да биде предмет на потсмев на социјалните мрежи.

„Бев да го гушнам, бидејќи се обиде да направи трик, така што тоа беше: ‘те молам, не се обидувај да го направиш тоа повторно’. Боксерите се во рингот, па си пружаат рака по мечот и тоа е респект каков што имам за него. Кога е добар натпревар, ќе му го покажеш респектот кој го заслужува. Тој води голем клуб во Лигата на шампиони. Ќе му покажам респект и утре, но само по крајот бидејќи претходно ќе се бориме. Дали е провокативен играч? Не би кажал така, тој е многу добар играч и знае што е потребно да се направи“, вели Вокер.

Scroll to Top