Top Sport

Марко Матераци ќе го следи Интер-Милан меѓу „Курва норд“

Легендата на Интер, Марко Матераци ќе го следи вечерашниот реванш од полуфиналето на Лигата на шампиони против Милан заедно со ултрасите на „нераѕурите“ на „Курва норд“.

Контроверзниот Матераци вчера на својата Инстаграм страница постави анкета за тоа каде да го следи мечот против Милан и иако не ги објави резултатите, денеска потврди со споделување на приказна од „Ла газета дело спорт“ со неговото име.

Матераци беше дел од последното европски финале на Интер, кога ја кренаа титулата во 2010 под Жозе Мурињо со Горан Пандев како соиграч.

Scroll to Top