Top Sport

Вокер: Последниот разговор со Гвардиола не беше пријатен

Кајл Вокер (34) стана нов играч на МиланИталијанскиот клуб го донесе на позајмица од Манчестер сити до крајот на сезоната, со опција потоа да го откупи неговиот договор.

Вокер беше претставен во Милано, а на прес-конференција зборуваше за неговиот последен разговор со Пеп Гвардиола, тренерот на Сити.

„Очигледно беше дека ситуацијата во Манчестер сити не е добра и дека не играм колку што сакам. Дојдов во голем клуб, Милан, надевајќи се дека ќе играм повеќе отколку во Англија. Сакам да освојувам трофеи. Последниот разговор со Гвардиола не беше пријатен. Сè што освои тој во Манчестер сити, освоив и јас“, рече Вокер.

Италијанскиот клуб ќе му ја покрие и целата плата, а доколку Вокер продолжи да соработува со Милан и по позајмицата, ќе добие тригодишен договор. Вокер му се приклучи на Сити од Тотенхем во 2017 година и оттогаш освои шест титули во Премиер лигата, два ФА Купа и една Лига на шампиони.

Гвардиола претходно откри дека неговиот капитен и десен бек побарал да го напушти клубот. Вокер оваа сезона испадна од стартната постава, што е една од причините зошто зимава замина на позајмица. За Сити одигра вкупно 319 натпревари.

Scroll to Top