Евертон ја продолжи лошата серија на резултати под Рафа Бенитез, претрпувајќи го третиот пораз едноподруго во Премиерлигата, овојпат на гостувањето кај Вулверхемптон со 2:1.
Откако во 15. минута им беше поништен гол на Хванг, „волците“ на Бруно Лаже, за пет минути ги „средија“ Евертон. Макс Килман во 28. минута од мечот ги донесе во водство, за Мексиканецот Раул Хименез во 32. минута да го искористи колапсот на одбраната на гостите за 2:0. Евертон најавија камбек со голот на Алекс Ивоби во 66. минута, но тоа не беше доволно за прекин на лошата низа.
Вулверхемптон по слабиот старт на сезоната, се искачуваат на седмото место на табелата со 16 поени, додека Евертон се десетти со 14 поени.
Standings provided by SofaScore LiveScore