Новите премиерлигаши, Вулверхемптон вандерерс потврдија дека од новата сезона, клубот официјално го повлече дресот со број 1, во знак на чест за поранешниот голман Карл Икеме.
32-годишниот Икеме помина 12-месечна борба со леукемијата, и реши да се повлече од спортот и новиот голман на „волците“, Руи Патрисио во знак на респект, реши да не го преземе бројот резервиран за голмани и наместо тоа да игра со број 11, обично резервиран за напаѓачите.
Wolves have retired the no.1 shirt out of respect for Carl Ikeme.
Rui Patricio will wear the no.11 shirt next season. pic.twitter.com/8C8iS7auY9
— BT Sport Score (@btsportscore) August 10, 2018