Новиот премиерлигаш, Вулверхемптон стигна до возбудливо 2:2 реми на „Молињу“ против Евертон, за кои блесна засилувањето Ришарлисон со два гола.
21-годишниот Ришарлисон, за кого Евертон плати 40 милиони фунти на Ватфорд, во 17. минута одлично се снајде по една нафрлена топка во шестнаесетникот и донесе водство за „карамелите“.
Меѓутоа во 40. минута, Евертон остана со играч помалку откако ветеранот Фил Јагелка беше исклучен поради старт пред шестнаесетникот, и Вулверхемптон во 44. минута израмни со прекрасен гол од слободен удар на Навас.
Ришарлисон, како да сакаше да ги оправда големите пари за кои е донесен и во 67. минута повторно носи предност за Евертон со одличен пробив во шестнасетникот, пред во 80. минута, „волците“ да израмнат преку Хименез.