Top Sport

„Волците“ на деветто место во Премиер лигата (видео)

Раул Хименез го постигна единствениот гол за 1:0 победа на новите премиерлигаши Вулверхемптон над Барнли, тимот кој лани беше сензација, но сега има четири порази во низа.

Џо Харт на голот на Барнли беше во одлична форма и одбрани две топки на Хименез и Мет Доерти, а од другата страна напаѓачите на Барнли немаа многу шанмси во нападот. Тимот на Нуно Еспирито Санто го „прекрши“ натпреварот по голот на Хименез по нафрлањето на Доерти.

Ова е прва победа во низа за „волците“, кои сега се на деветтото место во Премиер лигата, додека Барнли се на претпоследното 19. место.

Scroll to Top