Top Sport

Унгарија го освои Светскиот куп во ватерполо

Унгарија со 10:4 го победи најголемото изненадување на турнирот Австралија во финалето на Светскиот куп во ватерполо во Берлин за да ја забележи петтата победа во ова натпреварување, четврто по важност во спортот по Олимпијадата, Светското првенство и Европското првенство.

Австралија, која стигна до полуфиналето со две изненадувачки победи над Хрватска и Германија, се држеше во првата четвртина со 2:1 негатива, но на полувреме разликата беше 4:2, пред во третата четвртина Унгарците да направат низа од 4:0. Петер Криштијан Манхерц со четири гола беше најефикасен кај Унгарците.

Србија, претходно, во борбата за третото место, со 15:9 ја „уништи“ Германија за освојување на бронзата.

Scroll to Top