Top Sport

„Волците“ се спасуваа против Саутемптон

Саутемптон продолжува со изненадувачките игри во новата сезона од Премиер лигата, откако ги намачија Вулверхемптон за 1:1 реми во понеделничкиот вечерен натпревар.

Тео Волкот ги донесе „светците“ во водство во 58. минута, пред „волците“ да успејат да израмнат преку Педро Нето, кој во 75. минута се најде на вистинското место по обидот на Раул Хименез.

Саутемптон останува на петтото место на табелата во Премиер лигата со 17 поени, додека Вулверхемптон е на деветтото место со 14 поени – интересно двата тима се пред Манчестер сити и Манчестер јунајтед на табелата.

Scroll to Top