Вулверхемптон стигнаа до 1:0 победа на „Еланд роуд“ кај Лидс јунајтед со малку среќа, за да ја забележат својата трета победа во петтото коло на Премиер лигата, и во исто време да му го нанесат на Лидс вториот пораз и прв по 4:3 трилерот со Ливерпул првото коло.
Откако во првото полувреме Лидс имаа повеќе од играта и од шансите, во 55. минута, Мароканецот Роман Саис постигна одличен гол за Вулверхемптон, меѓутоа ВАР го поништи поради офсајдот при градењето на шансата.
Сепак, среќата му се насмевна на тимот на Нуно Еспирито Санто во 70-тата минута, кога ударот на Раул Хименез се одби од главата на одбранбениот играч на Лидс, и го излажа голманот Илан Меслие.
Македонскиот репрезентативец Езѓан Алиоски не доби шанса од менаџерот Марсело Биелса.