Top Sport

„Волците“ влегоа во ритам, рутински против Кристал палас

Вулверхемптон ја забележаа третата победа во последните четири премиерлигашки мечеви, откако дома со 2:0 рутински ги минаа Кристал палас, за да се искачат на третото место на табелата.

Исходот на мечот беше решен во првото полувреме. Рајан Аит Нури во 17. минута се најде на вистинското место за 1:0, пред да проработи португалската врска кај „волците“, Нето му асистираше на Даниел Поденсе во 27. минута за удвојување на водството.

Вулверхемптон сега се трети со 13 поени, исто колку што имаат и лидерите Евертон и Ливерпул (со натпревар помалку), додека Палас се на 9. место со 10 поени.

Scroll to Top