Ракометарите на Еурофарм Работник со пораз стартуваа во фазата по групи во Купот на ЕХФ. Вечерва, во Хановер битолската екипа е поразена од Хановер 24:21.

Играчите на Еурофарм Работник, во Хановер одиграа добар натпревар, а во финишот на мечот имаа шанси и да го избегнат поразот. Битолчани во последните седум минути не постигнаа гол.

При резултат 22:21 Ѓукиќ не искористи седмерец, а на 23:21 голманот на Хановер, Лесјак му одбрани зицер на Кузмановски.

Најефикасен играч на мечот беше Олсен од Хановер со седум гола, гол помалку за Еурофарм постигна Граѓан, а по четири гола дадоа Остроушко и Кузмановски.

Во второто коло Еурофарм Работник, на 17 февруари, ќе ја пречека екипата на Татабања.