Top Sport

Волф до Ферстапен: Луис ќе те удри ако тоа е потребно за титулата

Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф во неверојатно искрено интервју со „Дејли мејл“ го предупреди Макс Ферстапен дека ако биде потребно, седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон ќе се судри во ривалот од Ред бул ако тоа е потребно да се освои титулата оваа година.

Двајцата асови се вклучени во тесна битка за титулата во 2021, со повеќе инциденти меѓу нив, како на трките во Британија и Италија, и пред Мексиканското ГП овој викенд, Ферстапен има 12 поени предност во генерален пласман.

Волф смета дека Ферстапен веќе намерно се удрил во Хамилтон на Италијанското ГП во Монца за да спречи претекнување и нема да биде зачуден тоа да се повтори до крајот на сезоната.

„Ако дојде до сценарио на последната трка во Абу Даби да се тркаат за титулата, кој ќе биде напред ќе го направи истото како во годините на Сена и Прост. Што се случи во Монца? Ферстапен го удри Луис бидејќи ќе беше претекнат и тоа е разбирливо. Ако се бориш за титулата и гледаш како другиот тее претекнува, што можеш да направиш. Го видовме тоа со Шумахер и Вилнев, со Сена и Прост дури двапати. Никогаш не би наредил некому да се удри во друг возач, но ако дојдат во таква ситуација во последната трка, нема да бидат потребни никакви инструкции. Не можеме да го контролираме тоа, тие се гладијатори во своите машини“, вели Волф.

Scroll to Top