Top Sport

Волфсбург е првиот клуб од топ 5 лигите кој се врати на тренинзи

Бундеслигашот Волфсбург стана првиот клуб од европските топ 5 лиги кој продолжи со тренинзите на првиот тим и покрај епидемијата од корона вирусот. Во Германија сите спортски натпреварувања се забранети до 3 април.

Волфсбург потврди дека фудбалерите на тимот продолжија со тренинзи под „посебни услови“ со стриктни правила за хигиена и со работа во мали групи на мали интервали во „Фолксваген арената“.

Одлуката на клубот доаѓа како изненадување поради потребата за социјално дистанцирање и изолација за да се спречи ширењето на вирусот. И Лацио во Серија А имаше закажано тренинг за денеска, но тој беше откажан поради притисокот на јавноста. Наполи планира да продолжи со работа во среда.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');