Волфсбург на својата „Фолскваген арена“ успеа да го совлада Холштајн Кил со 3:1 за да се доближи до опстанок во Бундеслигата.
Кил се обидува првпат во својата историја да влезе во Бундеслигата, меѓутоа богатиот Волфсбург поведе уште во 13. минута преку Ориги, пред Кил да израмни во 34. минута преку Шиндлер. До крајот на полувремето, Брекало постигнува гол за 2:1 за Волфсбург, пред Мали во 54. минута да го постави конечниот резултат.
Реваншот во Кил е во понеделник.
Фото: ЕПА