Ден по завршувањето на сезоната во Бундеслигата, раководството на Волфсбург и тренерот Флоријан Кохфелд спогодбено го раскинаа договорот.
Волфсбург, сезоната во Бундеслигата го заврши на 12. место. Кохфелд, во октомври го презеде тимот од Марк ван Бомел.
„Ја презедов должноста во сложен и тежок период со задача да го стабилизирам тимот“, рече Кохфелд и додаде.
„Моравме да се соочиме со многу непредвидени околности, особено во вториот дел од сезоната, што уште повеќе ја отежна задачата. Заедно успеавме да обезбедиме опстанок во лигата на три кола пред крајот. Среќен сум што го оставам тимот во стабилна состојба и им посакувам се најдобро на играчите и на целиот клуб“.
Волфсбург не е единствениот бундеслигаш кој остана без тренер по последното коло. Борусија Менхенгладбах и Аугсбург исто така ќе мора да бараат нови тренери, бидејќи Ади Хедер и Маркус Вајнцлер поднесоа оставки.