Top Sport

Волфсбург се „совршени“ – ги урнаа и Лајпциг

Волфсбург се единствениот клуб во германската Бундеслига со совршени три победи во три меча, откако успеаја да совладаат минатогодишните вицешампиони РБ Лајпциг за прво место на табелата.

По победите над Бохум и Херта со еден гол разлика, доволен беше голот на Французинот Жером Русијон во 52. минута за славје на „Фолксваген арената“ за фантастичен старт на сезоната. За Лајпциг, пак, ова е втор пораз во три меча.

Претходно, Унион Берлин исто така ја продолжи серијата без пораз на стартот на сезоната, триумфирајќи со 2:1 над Борусија Менхенгладбах.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top