Најбараниот фудбалер во светот во овој момент, англискиот репрезентативец Џуд Белингем, кој го носи дресот на Борусија Дортмунд, го одбрал својот нов клуб. Како што тврди „Мундо Депортиво“, тој одлучил да се пресели на „Енфилд Роуд“.
Иако Борусија Дортмунд му подготви нов, подобрен договор, тој ќе го напушти клубот на лето. За неговите услуги беа и сѐ уште се заинтересирани многу европски клубови, пред се Реал Мадрид, ПСЖ и Манчестер Јунајтед, но тој сака да игра за Ливерпул.
Клубот од „Енфилд“ исто така имаше огромна желба да го доведе, но соопшти дека се повлекува од финансиски причини.
Сепак, се чини дека разочарувањето на навивачите на Ливерпул нема да трае долго. Како што пишува „Мундо Депортиво“, Белингем го избра новиот клуб, тоа е Ливерпул, па сега раководството треба да најде начин како да го реализира трансферот.
Германскиот клуб се надева дека ќе добие сума не помала од 120 милиони евра.