Top Sport

Воска се засили со Вилдан Керим

Новиот македонски прволигаш, тимот на Воска Спорт, донесе уште едно квалитетно засилување за дебитанскиот настап во Првата лига. Тоа е Вилдан Керим кој доаѓа во Охрид по една сезона мината во редовите на Гостивар.

Тој треба да ја засили конкуренцијата во навалната линија на тимот што ќе го предводи црногорскиот стратег Миљан Радовиќ.

Претходно Вилдан Керим во кариерата настапуваше за Вардар, Дуќанџи и Дреница во Косово, Скопје, како и турските клубови Сарајону, Силифике и Караман.

Scroll to Top