Top Sport

Воска Спорт го доведе Црногорецот Јован Николиќ

Новиот македонски прволигаш Воска доведе уште еден црногорски интернационалец. Дебитантот во елитата го ангажираше и играчот од средниот ред Јован Николиќ.

Тој доаѓа од Сутјеска, тимот за кој оваа сезона одигра три натпревари во Конференциската лига и еден во првенството.

Јован Николиќ со Воска потпиша двегодишен договор. Се работи за искусен фудбалер кој освоил четири титули во Малезија, една со Сутјеска во Црна Гора како и два Купа на Црна Гора, и уште еден куп трофеј со Младост Подгорица.

Николиќ одиграл 259 меча во Малезија, а бил член и на Партизани Тирана.

 

Scroll to Top