Астон Вила забележа победа над Арсенал 1:0, во првиот меч од саботната приграма во Премиер лигата. Вила со 11 победа сезоната, го скокнаа Тотенхем на табелата, сега се осми со 35 поени, додека Арсенал, по вториот пораз во низа, остнаа на десеттото место со 31 бод.
Дуелот на „Вила парк“, во кој Арсенал имаа повеќе шанси за гол, го реши Оли Воткинс во втората минута. Напаѓачот на Астон Вила, упати лош удар кон голот на Метју Рајан, меѓутоа на патот кон голот топката го удри Роб Холдинг и заврши во мрежата.
До крајот на мечот, двата тима имаа неколку добри шанси, меѓутоа на семафорот остана резултатот од втората минута.
Оли Воткинс во вториот дел имаше две добри шанси, една не реализираше и Грилиш. Арсенал се закануваше три пати преку Пепе, односно преку Смит-Роу, Обамејанг, Џака и Едегард.