Оли Воткинс, напаѓачот на Астон Вила беше во екстаза, додека даваше изјави за медиумите по голот со кој ја воведе Англија во финалето на Европското првенство, во игра влезе во 81. минута, а во 91. постигна гол за 2:1 и голема победа над Холандија .
„Се колнам во мојот живот и животите на моите деца, мМу реков на Кол (Палмер), ќе влеземе во игра и ти ќе ми асиситираш. Штом ја доби топката, знаев дека ќе ја упати кон мене. Кога топката заврши во долниот агол од голот, тоа беше најдоброто чувство во мојот живот, мислам дека никогаш не шутнал на таков начин“, вели Воткинс и додава:
„Неверојатно – овој момент го чекав со недели. Беше потребна многу напорна работа за да стигнам до каде што сум денес. Добив шанса и ја фатив со двете раце. Не ни сонував дека ќе играм за Англија на Европското првенство.
Во финалето во недела Англичаните ќе се соочат со Шпанија.
„Многу не критикуваа, но ние сме во финалето, само тоа е важно. Ние никогаш не се откажуваме. Уште едно – подготвени сме за Шпанците. Тие се извонреден тим, толку многу добри играчи. Тоа ќе биде најважниот натпревар во нашите животи“, заклучи Воткинс.
Финалето на ЕУРО 2024 ќе се одигра в недела во 21 часот.