Top Sport

Вознемирувачки сцени од Катар – Усман Кулибали колабираше на терен

Усман Кулибали, репрезентативецот на Мали, и десен бек на катарскиот клуб Ал-Вакрах имаше застрашувачка епизода на мечот против Ал-Рајан, откако колабираше на теренот во финишот на првото полувреме, и преживеа само по медицинската интервенција.

32-годишниот Кулибали е последниот во низата на случаи каде што професионални фудбалери колабираат или имаат здравствени проблеми на фудбалските терени. Кристијан Ериксен мораше да биде оживуван на ЕУРО 2020, додека Серхио Агуеро мораше да се пензионира поради проблеми со срцето. Тука се и неколку смртни случаи на фудбалери од Гватемала, Оман и Хрватска.

Scroll to Top